

Чувари на дигиталниот интегритет
Ги обединуваме експертите за да ги зајакнеме темелите на корпоративната и дигиталната безбедност низ сите индустрии.


Мисија
Пристап
Со застапување на истражувањата, поттикнување на дијалогот и промовирање на најдобрите практики, ние помагаме во градењето отпорни безбедносни рамки.
Зајакнување на безбедноста преку стручно водство
Зајакнување на корпоративната и дигиталната безбедност преку стручно водство и соработка на национално и меѓународно ниво.
Поврзување
Заради остварување на своите цели, Асоцијацијата за корпоративна и дигитална безбедност, воспоставува контакти и соработка со владини и невладини стручни, научни, образовни и сродни здруженија и организации од земјата и странство. Асоцијацијата посебно ќе остварува соработка со единиците на локална самоуправа. Меѓународна соработка Асоцијацијата може да пристапи кон меѓународни здруженија кои се занимаваат со безбедносни студии, корпоративна безбедност, демократија, владеење на правото, човековите слободи и права, за што одлука донесува Претседателот на Асоцијацијата.
Во реализацијата на својата мисија, цели и задачи утврдени во Статутот, Асоцијацијата за корпоративна и дигитална безбедност вклучува членови на академската, научна и стручна заедница од државата и меѓународно ниво. За таа цел посебен придонес имаат и студентите на прв, втор и трет циклус циклус на универзитетите каде што се изучува теоретски корпоративната безбедност, сајбер безбедноста, здравствената безбедност, приватната безбедност, безбедноста на човечките ресурси, заштитата на личните податоци, владеењето на правото и човековите права (преку нивно информирање за концептот на корпоративната безбедност, владеење на правото и човековите права, организирање на практична настава и обука и други облици на научно и практично дејствување).
Соработка
Најнови објави
Стручни анализи и настани, вести и коментари од светот на корпоративната и дигиталната безбедност.
Контакт
Email: INFO@AKDBMK.ORG
© 2026. All rights reserved.
Phone: +389 75661177
Adress: Pandil Shiskov br. 10/19 Skopje


