Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права „МЕНАЏЕР ЗА КОРПОРАТИВНА БЕЗБЕДНОСТ“ - Скопје е непартиско, непрофитно, неполитичко и невладино здружение на граѓани основанo во 2015 година од страна на проф.д-р Атанас Козарев и група експерти од земјата. Проф.д-р Атанас Козарев е и иницијатор и творец на идејата за развој на концептот за корпоративна безбедност во нашата држава за заедно со група експерти, професори и бизнис заедницата, кој го промовира теоретски и практично организациониот дизајн на моделот за корпоративна безбедност.

Во текот на 2025 година организацијата изврши статутарни измени и го промовира новиот назив – Асоцијација за корпоративна и дигитална безбедност и за претседател е избран Ристе Козарев.

Асоцијацијата е посветена на значењето, развојот и промоцијата на концептот за корпоративна безбедност, почитување на владеење на правото и заштита на човековите слободи и права во оваа област. Дејноста на Асоцијацијата е од јавен, самостоен, независен и општ карактер.

Цели на Асоцијацијата:

- унапредување на концептот на корпоративната и дигиталната безбедност во Република Северна Македонија;

- јакнење на професионалната одговорност, интегритет и дигнитет на менаџерите на корпоративна и дигитална безбедност;

- промоција на функцијата менаџер за корпоративна и дигитална безбедност во деловниот свет;

- вклучување во активностите на Асоцијацијата на дипломирани, магистрирани и студенти каде што се изучува теоретски корпоративната безбедност, безбедноста на образовниот простор, безбедноста на институциите за извршување на санкциите, здравствената безбедност, дигиталната безбедност, заштитата на личните податоци, владеењето на правото и човековите права (преку нивно информирање, организирање на практична настава и обука и други облици на научно и практично дејствување).

Задачи на Асоцијацијата:

- научно истражување на состојбите кои се однесуваат на концептот за корпоративната и дигиталната безбедност, заштитата на човековите права и владеењето на правото;

- промоција на стручна и научна литература од областа на корпоративната и дигиталната безбедност и човековите слободи и права;

-информирање на стручната, научната и поширока општествена јавност за современите сознанија за корпоративната и дигиталната безбедност, почитувањето на човековите слободи и права;

- истражување на ставовите на јавноста во Република Северна Македонија во врска со развојот на корпоративната и дигиталната безбедност;

-остварување соработка со невладините и стручни здруженија да организираат и даваат експертизи од областа на корпоративната и дигиталната безбедност, заштита на човековите права;

- организирање на стручни советувања, конференции, семинари, предавања и други форми на заедничка работа;

- промоција на позицијата менаџер на корпоративна и дигитална безбедност;

- истражување на состојбите во областа на корпоративниот криминалитет и предлагање на мерки за негова превенција;

- јакнење на партнерството помеѓу јавниот и приватниот безбедносен сектор.

Асоцијацијата е дел од невладиниот сектор во Република Северна Македонија и е самостојна во организирањето и остварувањето на своите цели и активности утврдени во овој Статут, а своите права, должности и одговорности ги остварува во согласност со Уставот и законите.

За Нас

Претседател

Ристе Козарев

Организација

Внатрешна организација

Органи управување на Асоцијацијата се:

- Собрание;

- Претседател на Асоцијацијата.

Други органи и тела на Асоцијацијата се:

- Генерален секретар;

- Работни тела;

- Истражувачки центри.

Галерија

Фотографии од нашите неодамнешни настани и иницијативи