МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА И СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЛОКАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ ВО КОНТЕКСТ НА СОВРЕМЕНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ И ЗАКАНИ„
1 мин читање
1. Генерални податоци за меѓународната научна и стручна конференција
Мисија
Недвосмислено глобалните современи ризици и закани имаат големо влијание врз државите, а посебно на локалната заедница и граѓаните кои живеат на тоа подрачје како и институциите кои функционират и кои директно или индиреткно се вклучени во справувањето со овие глобални ризици на локално ниво или пак се вклучени во справувањето со последиците и влијанието на истите на нормалното работење и живеење.
Нашата држава стратешки позиционирана како дел од Југоисточна Европа и дел од т.н „Балканска рута„ веќе повеќе години е на удар од миграциските бранови од Африка и Азија кои преку соседните земји членки на ЕУ – Р.Грција и Р.Бугарија, транзитираат низ нашата територија со крајна цел влез во Западно европските земји. Сето оваа наметна да државата примени организиран пристап со справувањето на оваа појава, а во соработка со САД, ЕУ и пред се земјите членки на т.н Вишеградска група кои партиципираат со свои полициски сили на нашата територија кои дадоа голем допринос во успешната борба против сите форми на криминал. За својата успешна активност на справување со оваа појава нашата држава доби и бројни признанија од земјите членки на ЕУ и САД во изминатите години. Неминовно сето оваа влијааше и на самиот безбедносен ситем на државата во однос на дефинирање на приоритетите, системскиот и одговорен пристап, насоченост како и почитување на сите човекови слободи и права на мигрантите гарантирани со сите меѓународни правни инструменти. Сетоа оваа имаше и големо влијание на локалната заедница, а посебно на граѓаните и институциите кои живеат и дејствуват во општините кои гравитират кон т.н „Јужна граница„ и кои се на патот на транзитот на мигрантите, а кои мораа и директно да се вклучат во справувањето со овој современ безбедносен предизвик со цел намалување на негативните импликации врз граѓаните и локалната заедница.
Но, во текот на 2020 година мигрантскиот бран доби нова димензија и интезитет. Пред се е зголемениот број на илегален влез на мигранти преку Р.Грција во нашата држава, а во услови на новиот глобален здравствен и безбедносен предизвик – пандемијата со коронавирусот COVID – 19.
Појавата на COVID-19 укажа колку земјите од светот се ранливи и неподготвени да се справат со еден таков вид на закана по граѓаните и државите, а во чие справување покрај здравствените работници активно учество зедоа и припадниците на безбедносните служби. Во тој контекст транзитот на мигрантите во услови кога сите држави ги затвараат своите национални граници поради можноста на ширење и пренесување на коронавирусот COVID-19 на тест ја става секоја држава да изнајде соодветен модел на функционирање и справување со овие два испреплетени ризици и влијанието кои го имаат на безбедоста и здравјето на државата и локалната заедница која се повеќе и повеќе ги чувствува негативните последици .
Мисија на конференцијата:
Мисијата на конференцијата е да одговори на предизвиците со кои се соочуваат припадниците на безбедносните институции, здравствените работници и локалните заедници. Преку разменана експертски знаења, професионални практики и индивидуални искуства, како и взаемна соработка помеѓу образовните институции, научно-истражувачкиот сектор, безбедносните институции, ќе се создаде основа за да се дојде до релевантни и применливирешенијасо кои ќе се подобри справувањето на локалната заедница и безбедносните институции со големиот мигрантски бран во услови на пандемија и функционирање на целата држава под посебни здравствени и безбедносни протоколи.
Цели на конференцијата:
Конференцијата има научна, стручна и поширока општествена цел. Научната и академска заедница е во функција на истражување на општествените појави и процеси како што е појавата на миграција и криминалот поврзан со оваа појава. Експертите и професионалците во безбедноста имаат посебна задача да придонесат за унапредување на секојдневното работење и усовршување на практиката на оперативно, тактичко и стратешко ниво. Стручните лица, експерти од областа на здравството имаа одговорност и задача да го изнајдат најсоодветниот модел на однесување и постапување на граѓаните во справувањето со спречување на ширењето на пандемијата како и во постапувањето со категоријата на лица – мигранти кои се затекнуват на наша територија. Воедно научната и академска заедница, безбедносната заедница и здравствениот сектор треба да помогнат на локалната заедница во поставувањето на фундамент за изнаоѓање на добри практики и решенија кои позитивно ќе влијаат на зголемувањето на самата безбедност во заедницата и здравјето на граѓаните, а кои практики и решенија ќе бидат засновани на европски докажани стандарди и искуства.
Теми
Причини, потекло, целта на миграцијата, мигрантски рути
Правни, економски и политички аспекти на влијанието на миграцијата врз државта и локалната заедница
Начинот на справување од страна на безбедносните служби со овие современи предизвици
Миграцијата како безбедносен проблем
Здравствените закани за глобалната и локалната безбедност, со посебен осврт на коронавирусот COVID-19
Предизици и проблеми со кои се соочува локалната самоуправа и влијанието на миграцијата и COVID-19 на локалната заедница
Практики и искуства кои се применуват во приватната и коорпоративна безбедност и нивната улога во справувањето со современите безбедносни ризици и закани.
Европски практики и искуства во справувањето со миграцијата и COVID-19
Миграцијата и пандемијата светски здравствен, економски и безбедносен проблем
Медиумите и современите безбедносни ризици и закани
2. Одбор и учесници на меѓународната конференција
Програмски одбор
1. проф. д-р Атанас Козарев, МИТ Универзитет - Скопје, Претседател на Асоцијација за корпоративна безбедност, Скопје–Претседател на Одборот;
2. проф. д-р Звонимир Јанкуловски, Ректор на МИТ Универзитет, Скопје;
3. проф. д-р Ленче Петреска, Ректор на Меѓународен Славјански универзитет Г. Р. Державин – Свети Николе;
4. проф. д-р Ненад Танески, Воена Академија, “Генерал Михајло Апостолскиˮ, придружна членка на Универзитетот Гоце Делчев – Штип;
5. проф. д-р Фердинанд Оџаков, Асоцијација за корпоративна безбедност - Скопје;
6. проф. д-р Драган Триван, Универзитет “Никола Теслаˮ, Белград;
7. проф. д-р Сеџад Милановиќ, Интернационален универзитет Травник, Травник;
8. проф. д-р Денис Чалета, Институт за корпоративне и варностне студије Љубљана;
9. проф. д-р Здравко Скакавац, Факултет за правне и пословне студије, Др. Лазар Вркатиќ, Нови Сад;
10. Проф. д-р Георги Манолов, ВУСИ, Пловдив,Република Бугарија;
11. М-р.Тијана Бомбол Делевска, Генерален секретар на Асоцијацијата за корпоративна безбедност
Организационен одбор
1. Г-дин Васил Тодоров- Интернационална полициска асоцијација –Македонија-Регион Струмица, Претседател на Одборот;
2. Г-дин Васе Русуманов – Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир-Скопје
3. Д-р Ромео Дробаров – Интернационална полициска асоцијација-Македонија-Регион Струмица, член на одборот
4. М-р.Октај Готак - Интернационална полициска асоцијација-Македонија-Регион Струмица, член на одборот
5. Г-дин Златко Белчевски - Интернационална полициска асоцијација-Македонија-Регион Струмица, член на одборот
6. Г-дин Андреј Митрев - Интернационална полициска асоцијација-Македонија-Регион Струмица, член на одборот
7. Г-дин Игно Стојков- Интернационална полициска асоцијација –Македонија, член на Одборот;
8. Г-дин Игор Манојловски - Интернационална полициска асоцијација – регион Скопје, членна Одборот;
9. Г-дин Владо Петров – Интернационална полициска асоцијација- регион Штип, член на Одборот
10.Г-ѓа.Хризантема Рендевска –Технички секретар на Одборот
11.Г-дин.Горан Танушев –Графички дизајн;
12.Г-ца.Милица Иванова–Технички уредник.
Учесници
Учесници на конференцијата ќе бидат:
• Експерти од областа на безбедноста, приватната и корпоративната безбедност;
• Универзитетски професори и соработници(асистенти)
• Експерти од областа на здравството
• Претставници на локалната самоуправа
• Претставници на ОБСЕ, Канцеларијата на ЕУ и Амбасада на САД.
3. Насоки за учесниците
Рокови за научнии стручни трудови
1. Авторите најдоцна до 30.09.2020 година да ги испратат апстрактите, а најдоцна до 15.10.2020 година да испратат трудови на официјалната e-mail адреса на конференцијата: strumica@ipa.mk
2. Рецензија на трудовите ќе се прави во периодот од 10.10.2020 година до 15.10.2020 година.
3. Програмскиот одбор да ги извести авторите за прифаќање на нивните трудови најдоцна до 15.10.2020 година.
4. Уплата на котизација за учество на конференцијата од страна на учесниците да се изврши најдоцна до 15.10.2020 година.
5. Конференцијата ќе се одржи на 16-17.10.2020 година.
6. Целосните трудови ќе бидат објавени во електронска форма на CD
7. Учесниците на конференцијата ќе добијат формален писмен сертификат за нивното учество на Меѓународната научна конференција од страна на организаторот.
4. Насоки за пишување на трудовите
Форма и содржинана трудот
Трудот треба да содржи: апстракт и клучни зборови на англиски (ако трудот е напишан на англиски јазик) или на македонски и англиски јазик (ако трудот е напишан на македонски јазик), содржина односно дискусија, заклучок на англиски јазик (ако трудот е напишан на англиски јазик) или на македонски и англиски јазик (ако трудот е напишан на македонски јазик), и користена литература (библиографија).
Апстрактот треба да содржи најмногу до 300 зборови и 5-7 клучни зборови.
Трудот, вклучувајќи ги табелите и графичките прилози, треба да биде распореден најмногу до 7 страници и истиот треба да биде изработенво:
· Microsoft Office – Word2010;
· Фонт- Times New Roman, големина на фонтот11;
· Фусноти со фонт Times New Roman, големина на фонтот 9; Проред1,5;
· Големина на страницата – А4 (Width: 21, Height: 29,7), и Top: 2,5 cm; Bottom: 1,8 cm; Left: 1,8; Right: 1,8 cm, Gutter: 0cm;
· Името на авторот, институцијата, e-mail, и земјата се пишуваат во горниот десен агол од првата страна на трудот;
· Насловот на трудот е на првата страна под името на авторот, центриран и напишан со големина на фонт 14 и bold;
· Апстрактот и клучните зборови се додаваат веднаш под насловот на трудот и се напишани со фонт 11;
· Текстот на трудот доаѓа во нивно продолжение.
Публикувани ќе бидат само трудовите што се изработени согласно упатствата на организаторот.
Цитирање на литературата
Користената литература се цитира користејќи го харвардскиот стил. За начинот на наведување на изворите во користената литература (библиографија) можете да ги користите следниве примери:
1. Bruyere, R.: Credit Derivate and Structured Credit: A Guide for Investors. New Jersey: John Wiley & Sons.2006.
2. EC: White paper: European transport policy for 2010: time to decide. Luxembourg: Office for Official Publications of the European Communities,2001.
3. http://www.stat.gov.mk (20 Dec.2011)
Доколку цитираните референци имаат три или повеќе автори, во текстот се наведува презимето на првиот автор и скратеницата и др. (et.al.).
Место на одржување
Конференцијата ќе се одржи на 16-17.10.2019 во Струмица.
Здравствен протокол
Пред влезот во салата ќе биде поставено дезинфекциско средство за задолжителна дезинфекција на рацете како и заштитни маски за учесниците и присутните. Местата за седење ќе бидат на оддалеченост 1,5-2 м и бројката на учесници и присутни во салата ќе биде согласно квадратурата на просторијата и ќе се почитуватсите пропишани здравствни протоколи.
